Ова го соопшти босанската филијала на австралиската компанија, која спроведува истражување на повеќе локации низ Босна и Херцеговина.

На локацијата Зекилова Коса е откриено злато, а последните анализи направени во лабораториите потврдиле постоење на поголеми количества злато кое во некои делови содржи и до 4,89 грама злато на тон.

Тие истраги, кои траат неколку месеци, опфатиле површина од 1,2 квадратни километри. Во поглед на откривањето на златни наоѓалишта, се најавува проширување на истражувањата во северозападниот дел на тој локалитет.

„Понатамошното следење на овие одлични резултати без сомнение е оправдано и очекуваме што поскоро да добиеме согласност од локалната самоуправа за продолжување на геолошките истражувања“, изјави извршниот директор на Лајкос Балкан Металс, Младен Лујиќ.

Воедно, тој посочи дека оваа компанија при истражувањето посветува посебно внимание на зачувувањето на животната средина. Оваа општина се наоѓа недалеку од Јајце во централниот дел на БиХ, на меѓуентитетската граница на Федерацијата БиХ и Република Српска.

Компанијата соопшти дека на почетокот на оваа година биле потврдени значителни наоѓалишта на злато. Lykos Metal Balkan од Босна и Херцеговина е во сопственост на австралиската компанија Lykos Metals Limited, која врши ретки истражувања на рудата на четири локации во Босна и Херцеговина.