Голема акција на бугарското обвинителство за крипто измами – 94 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ поминале низ платформата Нексо

Бугарското обвинителството денеска се очекува да соопшти повеќе детали за специјалната акција за крипто-измами со можно бугарско учество. Во Бугарија синоќа е покрената е голема истрага против позната бугарска банка за криптовалути.
Бугарските обвинители во четвртокот соопштија дека пребарале петнаесетина локации во главниот град како дел од истрагата за сомнителни измамнички активности извршени од меѓународната платформа за криптовалути Нексо (Nexo).
„Преземавме активни чекори во рамките на истрагите насочени кон неутрализирање на незаконските активности на Нексо“, изјави на прес-конференција портпаролката на обвинителството, Сијка Милева.
Нексо според обвинителството се товари за „организиран криминал, перење пари, даночно затајување, банкарска активност без лиценца и компјутерска измама“.
Лице „официјално назначено за финансирање терористички акти“ било меѓу еден од клиентите на платформата, рече Милева.
Инспекторите тврдат дека 94 милијарди долари промет поминал преку платформата NEXO, која е поврзана со поранешен пратеник. Над 300 обвинители и специјални полицајци проверуваат дали има податоци за перење пари и даночни кривични дела.
Во изминатите месеци, криптобанката имаше проблеми и во САД за работа без лиценца, но не и во Бугарија.
За еден од главните клиенти на криптобанката во Бугарија се наведува дека финансирал терористички акти.