logo
logo
logo

ГОЛЕМ ЗЕМЈОТРЕС ВО ГРЦИЈА! Јачината е 6 СТЕПЕНИ ПО РИХТЕР, луѓето во паника истрчале на улици (видео)

Vecer | 27.09.2021

ГОЛЕМ ЗЕМЈОТРЕС ВО ГРЦИЈА! Јачината е 6 СТЕПЕНИ ПО РИХТЕР, луѓето во паника истрчале на улици (видео)

Епицентарот бил на Крит

Серија земјотреси, од кои најсилен бил 6 степени по Рихтер, го погодило утрово грчкиот остров Крит.

Како што јавува Ројтерс, епицентарот бил кај Хераклиона, а хипоцентарот на длабочина од само два километри.

Повеќе објекти се оштетени од потресот кој утрово го потресе Крит. Првиот потрес, со јачина од 6,8 степени бил забележан во 9.17 часот, веднаш по него следела два послаби потреси со јачина од 3,8 и 4,5 степени.

Потресите оделе во растојание од десетина минути, а како што јавуваат медиумите, направена е поголема материјална штета на објекти.

Спрема првичните информаци тешко се оштетени поедини згради и куќи, а материјална штета е забележана и на црквите.

Засега нема податоци за повредени и евентуални жртви.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk