Противпожарните екипи со часови се борат со пожарот, а хеликоптер чека да се обиде да го изгаси пожарот од воздух.

Под закана е зимзелената шума, популарно место за излет на жителите. Како што дознава српски Курир, Координативното тело за Прешево, Бујановац и Медвеѓа е во постојан контакт со МУП и состојбата се следи.

Како што јавува дописникот на РТС од терен, во близина на локацијата каде беснее пожарот има стари ненаселени згради.

Пожарот кој зафати поголема површина и густиот чад се видливи од автопатот и од граничниот премин Прешево- Табановце.