logo
logo
logo

ГЛАВАТА ЈА ДАВАМ, СРБИЈА НЕ ЈА ДАВАМ: Ги издржав сите притисоци од запад! Вучиќ за границите

Vecer | 15.05.2021

ГЛАВАТА ЈА ДАВАМ, СРБИЈА НЕ ЈА ДАВАМ:  Ги издржав сите притисоци од запад! Вучиќ за границите

На почетокот од гостувањето претседателот зборувал на конференција за новинари со Пахор.

- Само им ја кажуав вистината. Имате било што да ми забележете? Баш ми е гајле што мислат тие. Тоа го кажав милион пати, не се научени некој да им ја каже вистината и да не се плаши за својата судбина.

- Само им ја кажав вистината. Јас сум на крајот на својот мандат и им кажав она што им зборував 1000 пати. Тие не се навикнати некој да им ја соопшти вистината. Што можат да ми направат? Да вложат пари повеќе за моето сменување? Милијарди сте вложиле против мене.

Суштината е во тоа дали јас сум кажал или не. Кога и да слушнете да кажат дека се против менување на границите, знајте дека во прашање се перфидни измамници и луѓе кои по секоја цена сакаат да ја уништат Србија. Бидејќи тие луѓе веќе ги сменија границите на Југославија. Ја нападнаа Србија, ги уништуваа нашите села и градови и ги убиваа нашите деца – рекол претседателот.

- Веќе ги сменија границите на нашата земја, кога се сетија за принципи? Тие мене ми испратија предлог заклучоци дека сите треба да се противиме на промена на граници. И јас им пратив еден мал амандман, и тоа е проблемот. Тие сите се согласуваат околу тоа, ми пратија и мене документ, и во него вметнав една реченица.

Поради тоа ќе морам да дојдам свечено облечен, таму ќе бидат великаните од политичката Балканска сцена. Случајно се намести работата тоа да бидат претседатели, да се премиери би било малку поразлично. Мое е да ја бранам Србија. Немам причина да се грижам и плашам бидејќи совеста ми е чиста. Ги штитев интересита на својот народ а тоа ќе продолжам да го работам – истакнал претседателот на Србија коментирајќи го претстојниот самит на Бриони.

извор:Espreso.sr.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MEDIANET LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk