Претседателскиот кандидат на Демократската партија на социјалистите (ДПС) Мило Ѓукановиќ, и актуелен претседател на Црна Гора, победил кај гласачите во Управата за извршување на кривични санкции (УИКС) во Спуж и затворот во Бијело Поље.

На денешната седница на Државната изборна комисија (ДИК) беше утврдено дека Ѓукановиќ освоил 204 гласа на избирачките места во Затворот за долги казни и Истражниот затвор во УИКС и затворот во Бијело Поље.

Кандидатот на Демократскиот фронт Андрија Мандиќ освоил 157 гласа, кандидатот на Европа сега Јаков Милатовиќ 81, а лидерот на демократите Алекса Бечиќ 50 гласа.

Кандидатот на СДП Драгиња Вуксановиќ Станковиќ освоил 13 гласа, независниот кандидат Јован Радуловиќ четири, а лидерот на Обединети Горан Даниловиќ два гласа.

Во УИКС и затворот Бјело поље гласале 515 од 802 запишани гласачи, од кои четири ливчиња биле неважечки.

Ѓукановиќ и Милатовиќ ќе се соочат во вториот круг од претседателските избори на 2 април.