Ѓукановиќ распиша предвремени избори во Црна Гора

Ѓукановиќ претходно го распушти парламентот по истекот на рокот од 90 дена во кој актуелниот претседател Миодраг Лекиќ требаше да формира влада.
„Применувајќи го членот 92 став 5, донесов одлука да распишам избори на 11 јуни“, рече Ѓукановиќ на прес-конференцијата, нагласувајќи дека е убеден дека најдобро решение за политичката криза е скратување на мандатот на парламентот и распишување вонредни парламентарни избори.
Рокот на мандатарот Миодраг Лекиќ за формирање на 44-та влада истече синоќа. Тој ги информираше лидерите на парламентарното мнозинство дека го нема потребното мнозинство за формирање нова влада бидејќи му недостигаат три гласа од претставникот на Граѓанското движење УРА, премиерот на техничката влада Дритан Абазовиќ.