logo
logo
logo

ГИ УБИЛ СИНОТ И СОПРУГАТА, ПА СЕ ОБЕСИЛ - Ужас во Панчево

Vecer | 06.06.2023

ГИ УБИЛ СИНОТ И СОПРУГАТА, ПА СЕ ОБЕСИЛ - Ужас во Панчево

Руски државјанин Г.А.Б. (51) со нож го убил својот син Г.А.А. (9) како и сопругата Г.О.Б. (50), па потоа се обесил во стан во Панчево, а нивните безживотни тела биле пронајдени синоќа.

- Тој беше хирург, а таа педијатар. Тие лани дојдоа во Панчево за да избегнат мобилизација. Го гледавме Русинот како си игра со синот во дворот. Насмеан. Со нив живееше и синот од првиот брак на жената но беше депортиран за да учествува во војната. Слушам дека ги убил со нож - вели еден од соседите и додава дека „крв имало низ целиот стан“.

Истрагата ја води Вишото јавно обвинителство Панчево.

Дежурната заменичка јавна обвинителка излегла на лице место да изврши увид, наредила судско-медицинска обдукција на безживотните тела, анализа на телесните ткива за присуство на наркотични дроги, алкохол и лекови на база на седативи – обвинителството, пренесе Телеграф.рс.

Како што додаваат, се прибираат и други докази потребни за утврдување на сите околности на настанот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk