logo
logo
logo

ГЕРБ на Борисов победи на изборите, како ќе оди формирањето на владата?

Vecer | 03.10.2022

ГЕРБ на Борисов победи на изборите, како ќе оди формирањето на владата?

Проекциите од пребројаните гласови се дека ГЕРБ ќе има 67 пратеници, или 14 повеќе од досегашната владејчка партија „Продолжува промената“ на Кирил Петков и Асен Василев. Вкупно во Парламентот влегоа 7 партии, но од нив, единствено третопласираната ДПС или позната уште и како партија на Турците, е потенцијален коалициски партнер на ГЕРБ. Со неа, Борисов би стигнал до 103 пратенци, или 18 помалку од неопходните 121 за мнозинство..

Како единствена опција се споменува соработка со партијата Прородна, но тоа е речиси политички невозможсно поради нејзините радикални ставови контра ЕУ и НАТО и во целост про-руска..

Борисов пак кој се уште се нема изјаснето по објавените резултати, на социјалните мрежи само се заблагодари на граѓаните, но во последното негово обраќање ги повика лидерите на политичките партии на разум. 

ГЕРБ-СДС – 67 Пратеници

Продолжува промената – 53 пратеници

ДПС – 36

БСП – 27

Преродба – 25

Демократска Бугарија – 20

Бугарски подем – 12

ГЕРБ-СДС - 67

ДПС-36

Преродба – 25 ??

128 ПРАТЕНИЦИ

-Партиите да се разберат и да има Влада. Демократијата јасно определила – владејачка власт и опозиција. Има основни теми – енергетика, еврозоната, економијата, судска реформа, диверзификација од „Газпром“.- Бојко Борисов – Претседател на ГЕРБ.

Сите останати политички партии уште во кампањата највија дека не би коалицирале со ГЕРБ, која ја сметаат за корумпирана и нереформира партија. Денеска и Петков изјави дека неговата партија ќе одбие евентуална покана за формирање на коалиција со ГЕРБ, но изрази подготвеноста да бидат конструктивна опозиција...  

-Ние имаме различно разбирање на вредности за тоа како се води политика од првата политичка сила, а тоа е ГЕРБ. Знаете, овие години наназад корупцискиот модел кој стана дел од секојдневие, ние тргнавме против него. Така што не нема како наеднаш да се разбудиме едно утро и да речеме дека и покрај се, ние ќе бидеме со нив. Не, тие луѓе мора да се реформираат да се променат и да имаат друг вредносен модел на владеење.- Кирил Петков – „Продолжува промената“.

Политичките аналитичари во Бугарија проценуваат дека ситуацијата е далеку од решена, а како главен проблем ја посочуваат токму партијата Преродба, без која ниту Борисов ниту Петков не би можеле да стигнат до мнозинство... 

-Тоа во шахот се вика „пат позиција“, нема апсолутно ников излез затоа што Преродба ќе имаат 26,7 места во парламентот. Тие со никого не сакаат да работат, и никој не сака со нив да работи. Кога ќе ги извадиме тие гласови, станува невозможно и едниот и другиот камп да формира Влада, а заедно тие изјавија дека не сакаат да работат.-Ивајло Дичев – Политички аналитичар.

Ова беа четврти парламентарни избори за две години во Бугарија, кои повторно завршуваат со различен победник од претходните. Инаку, меѓу седумте партии кои го надминаа прагот од 4 проценти за влез во бугарскиот парламент не е „Има таков народ“ на шуменот Слави Трифонов кој ја урна Владата на Кирил Петков, поради како што кажа во таа прилика, темата за Македонија. Ниту во ова Собрание не влезе и партијата ВМРО-БНД на Каракачанов, на чие инсистирање беше ставено ветото во 2019 година..

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk