Генерал Матис: Сите соседи околу Србија да се вооружаат до...

Вашингтон и НАТО до заби ќе ги вооружат сите НАТО земји кои се во опкружувањето на Србија.

Американскиот министер за одбрана Џејмс Матис од НАТО самитот во Брисел во четвртокот навчер право стигнал во Загреб со порака: Вашингтон и НАТО до заби ќе ги наоружа сите НАТО земји во опкружувањето на Србија.

Матис се состанал со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, пред кој констатирал дека хрватска има ресектабилна војска.

- И честитам на Хрватска во одлуката да набави нова воена опрема, ветувам дека ќе учествуваме во сите следни чекори во воружување – рекол Матис.

Нешто подоцна, американскиот министер се сретнал и со министерот на Црна Гора Предраг Бошковиќ, кој исто така му ветил целосна помош од Вашингтон и НАТО во наоружување.

- Тоа е одреден притисок на Србија по прашањето за влез во НАТО и порака дека само така може себе си да си осигура целосна безбедност и стабилност. Се поставува прашањето зошто некоја држава дополнително да се вооружува и во тој случаи има некои територијални претензии – вели деканот на факултет за безбедност Мирослав Бјеговиќ

Соработката меѓу Хрватска и САД е долгогодишна и Хрватите се лојални на НАТО, како и останатите земји во опкружувањето. Загреб секогаш се претставувал како заштитник на Балканот од руското влијание.

Не би се рекло дека тајмингот кој Матис го избра да звецка со оружје е случаен ако се знае само еден ден порано муслиманскиот командант Насер Ориќ, обвинет за многубројни недела, најави нов конфликт на Балканот, велејќи дека тоа ќе се случи многу побрзо отколку што се претпоставува.

Со песната на Матија Бечковиќ "Церачемо се још", тој порачал да се спремаме за нереди, при што реагирал министерот за одбрана на Србија Александар Вулин.

Министерот за одбрана на Хрватска Дамир Крстичевиќ ја премолчал вистината кога новинарите го прашале зошто на самитот на Американско-јадранската повелба не присуствувал и министерот за одбрана на Србија, иако Србија има статус на посматрач (членови се Хрватска, Црна Гора, Македонија и Албанија).

- Зошто не дошол? Тоа треба да ја прашате Србија, рекол тој, намерно не спомнувајќи дека Александар Вулин му е забранет влез во Хрватска, со што Џејмс Матис остро ја критикувал таквата одлука истакнувајќи дека очекувал да се срене во Загреб со Вулин

Договорени набавки на оружје за Хрватска

- 12 борбени авиони Ф- 16 од Изреал
- 16 американски хелихоптери кајова ОН-58Д набавуваат.

- Незнам како САД можат повеќе да и помогнат на Хрватска и што се не им дадоа од оружје, а што се однесува до Црна Гора, сакаат да преизвикат значајност за најновата членка на Алијансата, вели Мирослав Лазански, воен аналитичар.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари