logo
logo
logo

Вучиќ фрли темел на фабрика и порача

„Гастербајтерите ДА СЕ ВРАТАТ ДОМА, тука има се повеќе работа“

Vecer | 22.11.2022

„Гастербајтерите ДА СЕ ВРАТАТ ДОМА, тука има се повеќе работа“

На сите што се во странство би им порачал: што поскоро вратете се дома, овде има се повеќе работа - изјави Александар Вучиќ, српскиот претседател во компанијата „Зф Фридрихшафен“, која ја почна изградбата на втората фабрика во Северната индустриска зона во Панчево.

Претседателот веднаш по пристигнувањето во Зф оствари кратка средба со раководството на компанијата и со изведувачот. Тој додаде дека „Господ погледна во нас“ со оваа германска фабрика.

До крајот на годината, како што вели, се очекува трговската размена меѓу Германија и Србија да биде над 7 милијарди евра. Тој нагласува дека оваа земја е наш најважен партнер и сојузник.

„Зф“ најави дека работите на изградбата на втората фабрика ќе завршат до средината на 2023 година. За да продолжи со инвестирањето во Панчево, „Зф Србија, чиј обем е повеќе од 230 милиони евра, доби државни финансиски субвенции и градежно земјиште без плаќање на компензација.

„Зф“ се обврзува да ја направи почетната инвестиција во материјални и нематеријални средства до крајот на 2027 година и мора да инвестира најмалку една четвртина од сопствените пари. Компанијата ќе добие финансиска поддршка од државата во шест исплати од 2023 до 2028 година.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk