logo
logo
logo

Гардијан и Њујорк Тајмс: Протестите во Србија се најголеми по уривањето на режимот на Милошевиќ

Vecer | 04.06.2023

Гардијан и Њујорк Тајмс: Протестите во Србија се најголеми по уривањето на режимот на Милошевиќ

Синоќешниот протест, петти по ред и најголем досега, го зголеми притисокот врз Вучиќ да исполни барем дел од барањата на демонстрантите, анализира Њујорк Тајмс.

Демонстрациите се претворија во зовриен гнев кон владејачката партија поради, како што велат демонстрантите, култура на насилство поттикната од владата и медиумите што ги контролира, пишува Гардијан..

Синоќешниот протест започна пред зградата на српскиот Парламент, а по прошетката низ белградските улици, направија прстен околу зградата на Претседателството извикувајќи „Вучиќ оди си“ и „Оставка, оставка“.

Таму беа поставени штандови на кои граѓаните можеа да напишат пораки до Вучиќ, што голем дел од нив и го сторија.  Протестот, како што беше и најавено, заврши околу 21 часот, а организаторите најавија нов за следната недела. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk