Габриел: Косово ги исполни сите критериуми за визна либерализација

Европската комесарка за дигитална економија, Марија Габриел изјави во Приштина дека Косово ги исполнило сите критериуми за визна либерализација.

Габриел на прес-конференција рече дека Косово напорно работело за да добие визна либерализација и посчи дека е важно да продолжи со дијалогот со сите земји за одлуката да биде донесена што поскоро.

„Сите критериуми се исполнети, но процесот не е лесен. Имате потенцијал и важно е да продолжите. Визната либерализација е важна за вас, за да продолжите да работите во вашата земја“, рече Габриел.

Европската комесарка за дигитална економија во Приштина учествува на меѓународната конференција „Дигиталкс“, што ја организира косовската влада.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари