logo
logo
logo

„Францускиот предлог“ втор ден „талка“ низ процедуралните лавиринти во Бугарија

Vecer | 23.06.2022

„Францускиот предлог“ втор ден „талка“ низ процедуралните лавиринти во Бугарија

По вчерашниот неуспешен обид на Комисијата за надворешна политика да се изјасни со некаков став. Позицијата на официјална Софија за земјава сепак, пред самитот на ЕУ ја кажа бугарскиот премиер Петков, кој истакна дека нема ниту хипотетичка можност за нешто да се промени до крајот на самитот. Петков повтори дека одлуката треба да е во рацете на народното собрание и кажа дека според него францускиот предлог е најдобриот кој Бугарија до сега го добила, а упати и остри критики кон опозицијата, но и кон Претседателот Радев кого го нарече кукавица.  

-Има ли хипотетичка можност, сепак нешто да се случи до крајот на советот? / Не, нема хипотетичка можност бидејќи јас стојам на мојот збор. / Ако си Претседател на место ќе го свикаш консултативниот совет, ќе ги викнеш сите служби, ќе ги викнеш сите партии, седнуваме сите заедно, разгледуваме и излегуваме. Но, не пак, тоа било на Владата, било на Премиерот, маските паднаа, смачено ми е од плашливци. Јас ќе си го запазам моето ветување пред бугарскиот народ и се надевам дека ќе имаме една отворена дискусија бидејќи е историски момент кој не треба да го испуштиме. Тој предлог (францускиот) е многу убав, прашањето е да се направи на вистински начин.- Кирил Петков – Премиер на Бугарија.

Спорно за политичките партии во бугарскиот парламент се процедурите, односно дали францускиот предлог и билатералниот протокол треба да поминат во комисијата за надворешна политика или на пленарна седница во Собранието. И додека ја блокираат работата на комисијата, пратеничките групи на ГЕРБ и на ДПС доставија два нацрти до народното Собрание за решавање на спорните прашања меѓу Софија и Скопје. Токму на решение во Собранието повика и екс премиерот Борисов кој го повика Петков да не ја урива и Владата во Македонија.

-Да не ја урнеме и Владата на Македонија и да нанесеме штета. Ако тоа се случи вие господине Петков сте сојузник на Митрофанова, тој го искористи името на амбасадорката, вие сте сојузник на Путин на Балканот. Затоа Ве молам, наредете и на вашата партија да го внесе предлогот, да биде водечка, ние ќе ја поддржиме.- Бојко Борисов – Претседател на ГЕРБ.

Довчерашниот коалициски партнер на Петков пак бугарската социјалистичка партија најави дека нема да поддржи било каков предлог за решение на спорот со Македонија.   

-Позицијата на Бугарската социјалистичка партија е дека додека не бидат исполнети обврските кои се во договорот од 2017 година и декларацијата на бугарскиот парламент од 2019 година, БСП за Бугарија нема да поддржи каков и да е предлог. Но, тоа не значи дека разгледувањето во бугарскиот парламент треба да запре. Тоа не значи дека бугарските граѓани треба да бидат информирани. / Ние нема да бидеме тие кои ќе ги предадат бугарските национални интереси.-- Георги Свиленски – Претседател на парламентарна група на БСП.

Во меѓувреме, Еврокомесарот Вархеји преку социјалната мрежа твитер порача дека Унијата ги зема доста сериозно бугарските грижи и тие сега се дел од преговарачкиот процес. Моментот за сериозни одлуки како што напшиша Вархеји е сега, и Западен Балкан треба да е дел од ЕУ. Вархеји го повика и бугарскиот парламент да ја исполни својата обврска и да го изгласа предлогот за Македонија и Албанија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk