(Фото) Силно невреме ја погоди Хрватска

Силно невреме проследено со дожд и град го погоди Загреб, пренесуваат медиумите во Хрватска. Температурата за само еден час се спуштила за 8 степени.

На терен се излезени пожарникарите кои интервенираат на десетина места, испумпувајќи вода што освен на улиците успеала да продре и во делови на Економскиот факултет и болница во хрватската метропола.

Невреме ги погоди и Далмација и Истра, каде се причинети големи материјални штети.

Издаден е жолт метео аларм на територијата на целата земја.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари