(Фото) Лекарите се борат за животот на програмерот кој пукаше во Белград

Српските медиуми објавија фотографија од триесетгодишниот Небојша С. кој утрово пукаше во своите поранешни колеги, откако добил отказ во фирмата во која бил вработен.

Програмерот убил еден од вработените, друг колега е тешко повреден, а уште еден се повредил скокајќи од прозорецот за да го избегне нападот.

Според информациите, Небојша испукал пет куршуми, по што побегнал од лице место и се обидел да изврши самоубиство активирајќи експлозија од која се запалил неговиот стан.

Небојша работел како програмер, а според последните информации отказот го добил пред крајот на минатата година, бидејќи имал несогласување со колегите во врска со работењето. Според други извори, тој добил отказ во четвртокот.

„Работеше на заеднички важен проект со колегите. Не успеа да се согласи со нив и работата не беше завршена. Мораше да дојде до разврска“, наведува извор за Телеграф.рс.

Небојша живеел сам, а соседите не го познавале.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари