(Фото и видео) Вонредно во Хрватска, се излеваат реките

Според податоците на хрватските власти, прогласена е вонредна состојба во Хрватска Костајница, која ја поплави реката Уна.

Во Карловац утрово во седум часот, нивото на реката Корана беше на 799 сантиметри со можноста да се зголеми уште едем сантиметар. Прогласена е вонредна состојба. Реката Купа беше на 771 сантиметар.

Вонредна состојба е прогласена и на подрачјето на рекaта Лика во Селиште.

Локалните медиуми пренесуваат дека Карловчани ноќта ја провеле стравувајќи. Водениот бран и понатаму минува низ Карловав и борбата со надојдените реки се уште трае.

Поради поплавите затворени се бројни улици за сообраќај.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари