На толку капитал

Формирана партија на Русите кои живеат на Кипар

Група Руси кои живеат на Кипар и имаат кипарско државјанство формираа своја партија под името Јас граѓанинот

Иван Михневич

Група Руси кои живеат на Кипар и имаат кипарско државјанство формираа своја партија под името Јас граѓанинот.

Партискиот потпртетседател Иван Михневич изјави дека партијата ќе биде со центристичка ориентација и ќе се залага за изградба на Кипар како „прогресивна европска држава".

Минхевич, кој е творец на глобално популарната компјутерска игра „Воргејминг", изјави дека Јас граѓанинот е првенствено кипарска партија и дека нејзина примарна задача нема да биде заштита на интересите на Русите на Кипар.

Тој најави дека партијата нема да предложи свој кандидат на претседателските избори во јануари 2018 година, но ќе учествува на следните парламентарни избори, кои се предвидени за 2021 година.

Поврзани

Најнови вести

Коментари