logo
logo
logo

Бугарска политичарка со предлог

„Европејците нека исклучат греалки и нека се бањаат со ладна вода, па нека објават слики ако преживеат“

Vecer | 23.11.2022

„Европејците нека исклучат греалки и нека се бањаат со ладна вода, па нека објават слики ако преживеат“

Европејците сега седат на ладно поради нивниот „цивилизациски избор“, неспособноста да ги платат сметките и неподготвеноста да „да му угодат на Путин“, изјави поранешната пратеничка во Народното собрание на Бугарија, Елена Гунчева-Гривова.

- Лично мојот избор е греалката на максимални, по можност 25-26 степени, топол туш и светло насекаде. Тоа е затоа што јас сум русофил! Ги повикувам сите што можат да направат цивилизиран избор да бидат евроатлантичари и да ги исклучат греалките, да се бањаат не повеќе од еднаш месечно со ладна вода и да објават фотографии со сето тоа на крајот на месецот, доколку преживеат – напиша поранешната пратеничка на својот Фејсбук.

Треба да се напомене дека трошоците за парно во Бугарија од јули се зголемени во просек за 30 отсто, струјата – само 3,4 отсто. Ова зголемување ќе важи до крајот на јуни 2023 година. Половина од домаќинствата во Бугарија, пак, се греат на дрва, додека цената на цврстото гориво е поскапена за 70 отсто во однос на лани.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk