Еве зошто Хрватите бегаат! Втори се по корумпираност во ЕУ!

Спрема последното Евробарометар истражување,  Хрватска е меѓу најкорумпираните чкенки.

Еден од најлошиот начин за уништување на некое општество, во прв ред за демократско и просперитетно општество, е корупцијата, и тоа во било кој облик: мито, клиентилизам, злоупотреба на функции...

Спрема последното Евробарометар истражување впчатокот на граѓаните за корупција во секоја поедина членка на ЕУ, Хрватска е меѓу најкорумпираните чкенки.

Со Шпанија и Кипар го дели 2, 3 и 4 место како земја во која 94 посто од испитаните граѓани одговориле дека корупцијата во нивната земја е насекаде раширена.

Најлоша е во Грција кои 96 посто граѓани одговориле дека земјата им е премачкана со корупција.

Поточно половина од членките на ЕУ 80 или повеќе посто граѓани имаат впечаток дека корупцијата е се поприсутна во тоа и тука станува збор за земји кои се во транзиција, покрај Грција е Кипар, Шпанија, Малта.

Неодамна Експесо пренел вест за рекордна ниска регистрирана невработеност во Хрватска, 12,2 посто или релативно "само" 195.000 колку што имала во 1990 година.

Ваквата состојба на духот во Хрватска одговара и на најновите податоци на Државниот завод за статистика, спрема која во тек на 2017 година во Хрватска родени се 900 деца помалку отколку 2016 година - 36.467 деца.

Негативен наталитет Хрватска немала и кога беше социјалистичка република нити како самостална република, попрецизно дури од Втората светска војна.

Ако на сето тоа се додаде дека во предходните години, од Хрватска се отселиле околу 22.000 луѓе повеќе отколку се вселиле, има резон дека Хрватска во 2017 година изгубила 40.000 жители.

Спрема проценките на ДЗС Хрватска има 4,2 милиони, но со наглото иселувањата покажува дека бројот на жители веќе е под 4 милиони од кои 19,5 посто од нив се загрозени од сиромаштија, при што и стапката на пензионери се зголемува за една третина, а меѓу слабо или необарзувани стапката е 40 посто.

Спрема неодамнешните објавени прогнози од ОН, за своите членки до 2050 година, Хрватска во наредните три децении покрај, економските, општествените, климатските и други движења, може да се очекува дека ќе загуби 17 посто од жителите колку што го има и денеска.

Во Европа по тие прогнози најошо ќе помине Бугарија (23%), Латвија (22%), Молдавија (19%), и Украина (18%).

Хрватска би ја делела судбината со Литванија, Румунија, а по 15 посто треба да загуби Србија, Полска и Унгарија

Поврзани

Најнови вести

Коментари