logo
logo
logo

ВИДЕО

Еве за што разговарале „СРБИНОТ“ Џони Деп и Вучиќ! По официјалната средба ОДАТ И НА ВЕЧЕРА

Vecer | 19.10.2021

Еве за што разговарале „СРБИНОТ“ Џони Деп и Вучиќ! По официјалната средба ОДАТ И НА ВЕЧЕРА

Претседателот на Србија Александар Вучиќ  се сретна со холивудската ѕвезда Џони Деп, кој денеска пристигна во Белград, а по повод промоцијата на неговата анимирана серија произведена во Србија „Пафини“, во продукција на „Архангел студио“ на актерот Милош Биковиќ, а создадена во „Јерволино студио“ (ИЕС).

- Продукцијата на ваква серија е важна не само за студиите Јерволино и Архангел Дигитал Студио, кои го изнесоа овој проект, туку и за српската креативна индустрија, како и за промоција на Србија во светот, изјави Вучиќ.

Како што соопштија од неговиот кабинет, тој нагласи дека за почитта што ја покажува кон Србија, како и за бројните проекти во кои се вработени голем број млади луѓе во Србија, ќе го одликува Џони Деп на свечена церемонија на Денот на државноста на Република Србија.

– Почестен сум со одлуката да ми биде доделен Орден за заслуги. Ќе ми биде голема чест да дојдам во Србија на 15 февруари и да присуствувам на свечената церемонија. Ќе продолжам да работам на промоција на вашата прекрасна земја, посочи Џони Деп, заблагодарувајќи му се на претседателот Вучиќ за укажаната чест.  

[embed]https://youtu.be/xJN_Z1d5DvA[/embed]

ХИТ! По излегувањето од средбата со Вучиќ, актерот испозирал пред насобраните фоторепортери и кренал три прста

 

„Почестен сум со доаѓањето на Деп во нашата земја, а особено сум благодарен на прекрасниот подарок „Silent Sparrow" што го добив. Сепак, главниот впечаток ми е тој дека во последните 10 години не сум видел таква посветеност и работа на сите дами од мојот кабинет кои останаа да работат прекувремено, и се дотераа како никогаш до сега, а јас сум сигурен дека тоа е само заради мене, а не заради Џони, напишал Вучиќ на Инстаграм.

Актерот во Србија останува 24 часа, а освен средбата со Вучиќ и посетата на студиото и прес-конференцијата за медиуми, има закажана и вечера со Вучиќ. Рајдер листа нема, како што е пракса со големите ѕвезди, и освен што ќе спие во претседателски апартмен познато е само дека ќе јаде национални јадења од Србија и ќе пие домашни вино и ракија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MEDIANET LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk