Ученикот И.К. (17), кој го сними инцидентот со наставничката во Техничкото училиште во Трстеник, се испишал од тоа училиште, објавија српските медиуми.

И за него, како и за ученикот Н.Ж. (17) кој го тргнал столчето  и за ученикот М.М. (18), кој исто така снимал, едногласно било предложено исклучување на наставнички совет.

И покрај тоа што имало исклучувања, Наставничкиот совет е на мислење дека законот вели дека останува да се води дисциплинска постапка. Како што е познато, расправија имало и за обидот за прекин на воспитно-дисциплинската постапка за случајот Н.Ж, за кого е приложен допис за здравствени и психолошки проблеми.

Таткото на Н.Ж. дури утрово донел белешка дека на син му итно му е потребна хоспитализација, па дисциплинската комисија не можела да се изјасни без негово присуство.

Оваа точка на дневен ред била втора на седницата, означена како „анализа на однесувањето на учениците и изрекување воспитно-дисциплински мерки“.

Како трета точка било наведено „утврдување на активности од општествено корисна, односно хуманитарна работа за учениците кои добиле опомена од Наставничкиот совет“.