logo
logo
logo

Вака изгледа НОВИОТ КЛИНИЧКИ во Белград, кој е ПОЕВТИН ОД НАШИОТ, зградата во завршна фаза (ВИДЕО)

Vecer | 11.06.2021

Вака изгледа НОВИОТ КЛИНИЧКИ во Белград, кој е ПОЕВТИН ОД НАШИОТ, зградата во завршна фаза (ВИДЕО)

Изминатиов период една од најспоменуваните теми е Клиничкиот центар во Белград, за кој опозициската ВМРО-ДПМНЕ вели дека иако ќе биде ист како тој кој го планира владата во Македонија, но со таа разлика што ќе чини четири пати помалку, односно 125 милиони, а не 500 како нашиот.

Екипата на Алфа беше директно на терен во Белград од каде директно се запозна со српскиот Клинични центар.

Тој е ултра модерен, современ Клинички центар, единствен од таков вид на Балканот и трет по големина во светот се гради во срцето на Белград. Станува збор за  12 катната зграда, со панорамски поглед, е во завршна фаза, а првите пациенти ќе може да ги прими до крајот на оваа година.

На површина од 133.000 м2, новиот клинички центар во Белград ќе почне со работа до крајот на годинава. Инвестицијата е 125 милиони евра, во кои се вклучени и 40 милиони евра за набавка на комплетна опрема. До новиот Клинички центар веќе е проектирана пристапна улица која болницата ја поврзува со главниот автопат кои минува долж Белград.

Фокусот, ќе биде ставен на Угрентниот центар, каде пациентите ќе се лекуваат според сериозноста и итноста на здравствениот проблем, а на располагање, ан едно место ќе им бидат доктори од различни специјалности . Ќе има 32 операциони сали, ПЕТ центар, сали за коронографија, центар за изгореници, и целосно роботизирана операциона сала.

„Сите доктори ќе доаѓаат кај пациентот, а не пациентот да оди кај докторите, целата дијагностика ќе се наоѓа во Ургентниот центар, два скенери, магнетна резонанца, две ангио сали, две мали хируршки сали, рентген кабинет, гастроскопија. На едно ниво ќе има 32 операциони сали, од кои четири хибридни и една комплетно нова операциона сала со Да винчи робот, тоа е најмодерен робот што работи лапароскопски операции. Она што е карактеристично и специфично за Ургентниот центар тоа е делот на интерзивна нега, на третиот кат, со 150 болнички кревети за највисок степен на лекување.“ – вели Марко Ерцеговац – директор на Ургентен Центар Белград.

Главниот инженер на проектот, вели дека објектот ќе има високо софистицирана фасада, единствена од таков вид во светот, која ќе може да се вентилира по природен пат. Зградата има централна климатизација, со двојни заштитни прозори, кои се отвораат диру и на највисоките катови, но се безбедни за пациентите.

„По искуството со короната, целата болница со сите 1000 болнички кревети, од интензивна или полуинтензивна нега, опремена е со вентилација и проток на кислород, што значи секој пациент без разлика дали се наоѓа на најниското ниво во Ургентниот центар или на 12 кат на гастроентерологија ќе добива исто ниво на кислород“ – кажа Зоран Чупиќ – директор на сектор за инженеринг.

https://youtu.be/ri3B-v-ruyk

На највисоките осум ката ќе има по 30 соби со приватен тоалет во секоја соба или по вкупно 60 болнички кревети на секој кат. Докторите признаваат дека изградбата на нов објект е секогаш поефтина варијанта отколку да се реновира и преадаптира нешто што е направено пред децении и според други поинакви стандарди.

„Се покажа дека степенот на заедничка, тимска работа е многу покомфорен за пациентите, отколку денешниот систем на поединечни Клиники, кој подразбира транспорт на пациентите и лекарите низ различни објекти. Се знае, иградбата на нова зграда секогаш е поевтина отколку да се реновира стар објект.“ – вели Марко Ерцеговац – директор на Ургентен Центар Белград.

Изградбата на Клиничкиот центар почнала во Декември 2018 година. Тој делумно се гради врз објект стар близу 40 години, кој бил изграден но не бил ставен во функција. Но, другата половина од зградата е нова градба, со цел да се зголемат капацитетите за лекување.

Последни во употреба ќе бидат пуштени првите два ката од старата зграда, кои целосно ќе бидат реновирани, а таму со работа ќе се вратат сите амбуланти и поликлиники кои со години го користеле просторот. За целиот Клинички центар проектирани се над 800 паркинг места.

Алфа

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk