logo
logo
logo

10 години дијалог без решение

ЕУ веќе НЕ ЗНАЕ ШТО ДА ПРАВИ со косовското прашање

Vecer | 18.06.2021

ЕУ веќе НЕ ЗНАЕ ШТО ДА ПРАВИ со косовското прашање

Дијалогот за Косово под покровителство на Европската Унија трае повеќе од една деценија, но решението не е на повидок. Администрацијата во Брисел е фрустрирана, очајна за постигнување на некаков договор меѓу Белград и Приштина

Невозможноста за договор меѓу Белград и Приштина сега се третира како неуспех на администрацијата во Брисел, поради што тие се очајни во ЕУ, пишуваат српските медиуми.

Според дипломатски извори од Брисел, за српски Курир, Брисел практично повеќе не знае што да прави со косовското прашање.

- Администрацијата на ЕУ е фрустрирана од нерешавањето на косовското прашање. Тоа е важна и голема тема и никој не очекува решение да се постигне преку ноќ, но целиот процес сега трае цели 10 години и скоро нема напредок. Брисел веќе не знае што да прави со косовското прашање и тоа се виде деновиве, по новата рунда разговори меѓу Белград и Приштина, каде нема напредок - вели изворот и додава:

- Приштина не ги почитува договорите, не ги применува ставовите од потпишаните договори, инсистира на радикални решенија. Состаноците на делегациите немаат континуитет, па дури и кога имаат, често се појавува проблем. Брисел веќе нема идеја како да му пристапи на косовското прашање, како да го реши.

Според него фактот што тие ќе бидат задоволни со потпишувањето на каков било договор меѓу Белград и Приштина и дека тој не би морал ниту да биде правно обврзувачки, за што се дискутира со години, зборува многу за паниката во ЕУ.

- Последна надеж за европската администрација се САД. Брисел многу се потпира на помошта на Америка, која, како што можете да видите, одеднаш стана поактивна по ова прашање - вели соговорникот на Курир.

Според политичкиот аналитичар Душан Јањиќ, проблемот во преговорите меѓу Белград и Приштина е што Брисел нема тим за да го спроведе постигнатото, луѓе кои ќе ја следат реалната состојба на теренот.

- Без имплементација, сè е бесмислено. Второ, тоа не е само дискредитација на Белград и Приштина, туку и дискредитација на капацитетите на ЕУ и ЕК - наведува Јањиќ.

Поранешниот дипломат Милисав Паиќ вели дека косовското прашање ќе ја надживее самата ЕУ.

- Палмер рече дека решението меѓу Белград и Приштина не е ограничено на време, но прашањето е дали ЕУ, со оглед на нивните внатрешни спорови, ќе трае толку долго. Постои можност прашањето за Белград и Приштина да ја надживее ЕУ - вели Паиќ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk