ЕУ: Тирана да помогне во подготовката на закон за образованието на Косово

ЕУ побарала , Министерството за образование на Албанија да и помогне на Приштина во подготовката на законот за образование на Косово. Ова го изјави денеска на седница на Собранието на Албанија , министерката за образование на Албанија, Линдита Никола.

„Косово ги има насочено погледите кон Албанија, и многу брзо се очекува учебниците на екзактините науки на Албанија да се применуваат во Косово. Значајни институции на ЕУ по извршениот мониторинг на албанското министерство за образование нагласија дека ова министерство треба да има лидерска улога во подготовката на законите за образование на Косово“, нагласи министерката. / КМ

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари