ЕУ со конечна одлука: Нема Шенген за Бугарија и Романија, Хрватска влегува во зоната

Советот на ЕУ за правда и внатрешни работи денеска со 25 гласа „за“ и два „против“ го отфрли предлогот Бугарија и Романија да влезат во Шенген, известија бугарски дипломати кои учествувале на состанокот.
Предлогот за Хрватска е одобрен.
Министрите за внатрешни работи на земјите-членки на ЕУ и Шенген зоната денеска во Брисел донесоа конечна одлука – Хрватска е полноправна членка на Шенген од 1 јануари 2023 година.