logo
logo
logo

ЕУ повеќе НЕ СЕ СОГЛАСУВА ДА ДАДЕ ГАРАНЦИИ ЗА ЧЛЕНСТВО на Западен Балкан

Vecer | 28.09.2021

ЕУ повеќе НЕ СЕ СОГЛАСУВА ДА ДАДЕ ГАРАНЦИИ ЗА ЧЛЕНСТВО на Западен Балкан

Европската унија повеќе не може да се согласи да даде гаранции за идно членство на балканската шесторка, откако му вети на регионот место во европското општество, пренесува Ројтерс, повикувајќи се на четворица европски дипломати и еден внатрешен документ.

На самитот ЕУ-Балкан на 6 октомври, Европската унија треба да го повтори ветувањето дадено пред 18 години „да даде недвосмислена поддршка за европската перспектива на Западен Балкан“, се наведува во нацрт-декларацијата за самитот од 11 септември, во која Ројтерс имале увид.

Сепак, нацртот поминал најмалку две рунди преговори без постигнување договор, тврдат неименувани дипломати.

Членките на ЕУ не сакаат да ги откријат своите позиции, но богатите северни земји како Данска, Франција и Холандија стравуваат од повторување на брзото пристапување на Романија и Бугарија во 2007 година и лошото управување со миграцијата на работниците од Источна Европа во Британија, за што многу Британци велат се сврте против ЕУ.

Британската агенција наведува и дека Бугарија се противи на приемот на Македонија поради спорот со јазикот.

Дури и ако ЕУ конечно се согласи за заедничка позиција, оваа ситуација, според Ројтерс, е одраз на застојот во планот на ЕУ да изгради „прстен на пријатели“ од Украина до Тунис, нудејќи поблиски врски, трговија и помош.

Агенцијата потсетува дека ЕУ во март 2020 година се согласи дека Албанија може да започне преговори, но Тирана се уште не добила покана за започнување на официјални разговори, бидејќи Брисел го поврза членството на Албанија со напредокот на Македонија на европскиот пат, кој е заглавен со несогласувањата со Бугарија.

Босна и Херцеговина, која се уште е под надзор на мировниците на ЕУ, поднесе барање за членство во 2016 година, но таа се уште се чека, што значи дека БиХ не е кандидат.

Косовските власти, исто така, би сакале да го видат Косово и Метохија во ЕУ, но, како што додава Ројтерс, тие имаат долг пат.

Британската новинска агенција проценува дека Приштина прво мора да ги среди односите со Белград преку дијалог во Брисел и забележува дека пет земји на ЕУ - Словачка, Шпанија, Грција, Кипар и Романија - не ја признаваат независноста на Косово.

Црна Гора, која се приклучи на НАТО во 2017 година, веќе преговара за членство во ЕУ и најверојатно ќе биде примена во ЕУ во втората половина на деценијата, заедно со Србија, проценува Ројтерс.

Србија веќе ги води преговорите за членство, а Белград се смета за главен столб во регионот со влијание што може да им помогне на другите да се реформираат, се додава во објавата.

Во февруари 2018 година, Европската комисија објави дека Србија може да влезе во ЕУ во 2025 година, иако тоа го нарече „амбициозна цел“, наведува Ројтерс.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk