Еден месец по состанокот на лидерите на Европската унија, претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел се врати во Тирана, не со датум за првата меѓувладина конференција, туку со предлогот на францускиот претседател Емануел Макрон. Македонија, Албанија и земјите од Западен Балкан да добијат статус на асоцијативна земја во Европската Унија.

„Направивте се што е можно за да ги надминете предизвиците. Од друга страна, важно е да не се чека конечната одлука. Една идеја е асоцијативните членки, т.е. грубо,приближен пристап за потребните формати што ќе ги имаме, за да се запознаеме подобро еден со друг, да ги разбереме потешкотиите и да се грижиме еден со друг. Да сме конкретни и оперативни“, вели Шарл Мишел.

„Идејата за асоцијативна членка на Европската унија, односно нова европска политичка заедница, што во однос на нашите земји значи „учество на европските тркалезни маси, во однос во процесите на подготовка на одлуки поврзани со безбедност, што се поврзува со справување со кризи кои нè засегаат заедно. И ако дојде денот да бидеме асоцијативни членки на Европската унија, тоа става крај на сите шпекулации, става крај на сите теории на заговор, става крај на целата параноја , дека ЕУ не држи далеку и дека не сака да не внесе таму. Така што мислам дека тоа е фантастична работа“, посочи Еди Рама.

Покрај предлогот на Емануел Макрон, кој ја ужива поддршката и од германскиот канцелар Олаф Шолц, во агендата на ЕУ се уште нема можност за одвојување на Албанија и Македонија.

Двете земји ќе одат во пакет, откако Бугарија ќе се откаже од ветото.

„Јас сум посветен пријател за решавање на тешкотиите со кои се соочивме. За неколку недели ќе имаме финален состанок на француското претседателство за да се реши оваа ситуација. Проценката ќе ја направиме во јуни. Се надевам дека ќе успееме да го направиме ова. Се разбира, ако тоа не се случи, треба да ја преиспитаме ситуацијата. Позицијата на премиерот е разумна и оправдана“, вели Шарл Мишел.

По скарата со српскиот претседател Александар Вучиќ, за време на неговата посета на Белград во четвртокот, Шарл Мишел станува првиот висок функционер на Европската унија кој целосно се согласува со иницијативата Отворен Балкан.

За разлика од некои негови колеги од ЕУ кои инсистираат на вклучување и ревитализација на берлинскиот процес, претседателот на Европскиот совет ги повика Косово и Босна и Херцеговина да се приклучат.

„За Отворен Балкан, да повторам, јас лично го поддржувам, посакувам сите да се приклучат на оваа иницијатива, бидејќи можностите за зајакнување на економските и политичките структури ќе бидат поголеми. Ова ќе го олесни приближувањето на Западен Балкан со Европа. Исто така, енергетското прашање е геополитичко за куповната моќ. Ова е многу значајно. Оваа политичка платформа мора да се создаде. Чекорот за интеграција мора да се направи со собирање на сите на иста маса за да имаме заедничка колективна интелигенција“, додава Шарл Мишел.

Фото: еуроњус