logo
logo
logo

ЕУ ѝ префрли 72 милиони евра на Владата на Албанија

Vecer | 01.06.2023

ЕУ ѝ префрли 72 милиони евра на Владата на Албанија

Овие средства се дел од Пакетот за поддршка на енергијата, објавен на Самитот за Западен Балкан во Тирана во декември минатата година и потпишан со Владата во март годинава во рамките на Годишниот акционен план ИПА 2023 година.

- Овој пакет ја поддржува Владата во спроведувањето мерки за заштита на потрошувачите во Албанија од влијанието на енергетската криза, додава агенцијата.

Во 2024 година ќе се префрлат уште 8 милиони евра во пресрет на напредокот што ќе се постигне со спроведувањето на соодветните мерки од страна на Владата.

- Овие владини мерки меѓу другото вклучуваат субвенционирање на цените на енергијата (по можност под одреден месечен праг на потрошувачка) за домаќинствата и малите и средни претпријатија во Албанија за да се обезбедат слични стапки како пред енергетската криза од 2021 година.  Се проценува дека ќе опфатат околу 1 милион домаќинства и 168 000 мали и средни претпријатија, наведуваат медиумите.

Дополнително, овој пакет ги поддржува и напорите на владата за диверзификација на изворите на енергија преку нови инвестиции во производството на енергија од ветер и сончева енергија, ново законодавство за обновлива енергија во согласност со стандардите на ЕУ и шеми за поддршка на потрошувачите за инсталирање соларни панели. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk