Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседател на ЕК, Жозеп Борел потврдил дека Западен Балкан ќе добие 651.000 дози на Фајзер вакцини против корона вирус, а најголем број ќе одат во БиХ – 214.000 дози.
Се работи за набавка на вакцини преку Европската комисија, под координација на Австрија.
Ова е кажано за време на разговор на високиот претставник ана ЕУ со членовите на Претседателството на БиХ Милорад Додик, Шефик Џаферовиќ и Жељко Комшиќ, пренесуваат медиумите во БиХ.
Членовите на Претседателството на БиХ и високиот претставник на ЕУ Борел разговарале за актуелната политичка ситуација во регионот за Западен Балкан.
Западен Балкан ќе биде една од главните теми на состанокот на Советот за надворешна политика на ЕУ, кој ќе се одржи 10. мај во Брисел.