logo
logo
logo

Ескобар: САД се загрижени за намерите на Русија и Кина во регионот

Vecer | 17.01.2022

Ескобар: САД се загрижени за намерите на Русија и Кина во регионот

Габриел Ескобар, заменик помошник државен секретар на САД и специјален претставник на САД за Западен Балкан, изјави дека САД се загрижени за намерите на Русија и Кина во регионот.

– Русија отворено ја загрозува стабилноста, безбедноста и просперитетот на Европа со своето неиспровоцирано агресивно однесување во Украина и тој регион. Во меѓувреме, Кина користи инвестиции и заеми - кои се намерно ретко транспарентни и често имаат штетни дополнителни услови - за да стекне лојалност кон регионот, што во многу случаи ја поткопува националната безбедност и суверенитет на тие земји, вели тој во интервју за српски Курир.

Тој потенцира дека САД се загрижени за намерите на Москва и Пекинг во регионот.

- Имам 20 годишно искуство во регионот, јасно ми е дека луѓето од Западен Балкан се Европејци и ги ценат истите работи како и нивните соседи во Австрија, Грција или на друго место во ЕУ. Сакаат еднаквост пред законот, чиста животна средина, слободни и независни медиуми и деловно опкружување без корупција. Тие исто така сакаат да знаат дека нивните влади и избраните државни службеници работат во националниот интерес, во интерес на народот - рече Ескобар.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk