logo
logo
logo

Ескобар: Курти веднаш да ги повлече градоначалниците од зградите на северот на Косово

Vecer | 04.06.2023

Ескобар: Курти веднаш да ги повлече градоначалниците од зградите на северот на Косово

Премиерот на Косово, Албин Курти не ги послуша предлозите на меѓународната заедница за ситуацијата на северот, иако вети дека градоначалниците ќе имаат само технички овластувања, изјави специјалниот пратеник на Соединетите Американски Држави. за Западен Балкан, Габриел Ескобар.

Ескобар изјави за Би-Би-Си дека ситуацијата на северот е резултат на недостигот на волја на Курти да ја слуша меѓународната заедница.

„Оваа ескалација делумно е резултат на немањето волја од страна на косовската страна да ја слуша меѓународната заедница. Ова непотребно предизвика тензии. Има и други згради од кои може да работат. Пандемијата „Ковид-19“ нѐ научи дека можеме да работиме и од алтернативни локации“, рече Ескобар.

Тој додаде дека напорите на САД да се координираат со Владата на Косово наидоа на отпор.

„Курти вети дека градоначалниците на северот ќе имаат само технички овластувања додека не се најде решение услугите на граѓаните да бидат функционални, но тоа се претвори во конфликт меѓу оние кои не сакаа новите градоначалници да стапат на функција и оние за кои инсистираше градоначалниците да бидат во тие општини од симболични причини“, рече Ескобар.

Тој нагласи дека САД веќе една недела му даваат сигнали на Курти за деескалација на ситуацијата на северот на земјата и потсети дека има три јасни барања кои мора да се исполнат.

„Му дадовме многу сигнали, да ги повлече градоначалниците од општинските згради, да ја отстрани косовската полиција од зградите и потоа итно да влезе во процедура за формирање Заедница на српски општини“, подвлече Ескобар.

Како што е најавено, Ескобар и специјалниот претставник на ЕУ за дијалог, Мирослав Лајчак, во понеделник и вторник ќе престојуваат во Приштина и Белград, со цел да се вклучат во деескалација на тензиите на северот на Косово.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk