logo
logo
logo

Ескобар: Договорот меѓу Србија и Косово е правно обврзувачки, иако не е потпишан

Vecer | 20.03.2023

Ескобар: Договорот меѓу Србија и Косово е правно обврзувачки, иако не е потпишан

На брифинг со новинарите, Ескобар со оценка дека станува збор за чекор кон нормализирање на односите, и рече дека потребна е голема храброст и визија од Вучиќ и Курти за да се стигне до таму. Ескобар ја пофали и улогата на Македонија во постигнувањето на договорот.

„Овој договор е правно обврзувачки за двете страни. Иако не е потпишан, тоа е договор во секоја смисла. Договорот е пат кон помирување на Србија и Косово. Важно е да разјасниме како ќе постапат двете страни. Спроведувањето мора да почне веднаш и двете страни ќе имаат корист од тоа. Сметам дека најважни се евроатлантските интеграции. Ќе направиме напредок само ако договорот почне да се применува што е можно поскоро.

Токму договореното од Охрид е биде тема и во Брисел, каде високиот претставник на Унијата Жозеп Борел ги информира министрите за надворешни работи на земјите –членки за исходот од средбата во Охрид

„Косово и Србија, долги разговор за финализирање на договорот што ќе се гледа како составен дел од европскиот пат за двете страни. Тоа ќе биде дел од преговарачкото поглавје, поглавје 35 во преговорите со Србија и ќе биде вклучена во документот за нормализација и во барањата од Косово. Тоа сега е обврска и ние внимателно ќе го следиме спроведувањето. Двете страни се согласија и се обврзаа да го направат тоа и ајде сега внимателно да набљудуваме како ќе се одвива

Договорот и анексот за негово спроведување иако не се потпишани, ќе станат формални услови за патот на Србија кон ЕУ, а ќе бидат услов и за напредокот на Косово. Српскиот претседател Вучиќ рече дека иако не ги потпишува, ќе работи на спорведување на договореното, без признавање на независноста на Косово или пак, одобрување на нивно членство во Обединетите нации. Косовскиот премиер Курти пак, побара од ЕУ обврските од договореното да ги напрви правно – обврзувачки.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk