Турскиот претседател со пораки од Белград

Ердоган: Уапсениот вработен во американскиот Конзулат е шпион

Ердоган, на прес-конференцијата во Белград, го обвини американскиот амбасадор во Турција за уривање на врските меѓу сојузници во НАТО по одлуката за прекин на визните услуги за турски државјани во американските дипломатски мисии во земјатa

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, кој иминатите два дена со голема делегација престојуваше во Белград, изјави дека уапсениот член на персоналот од Конзулатот на САД во Истанбул е шпион.

Тој истакна дека Турција има право да преземе чекори при постоење „внатрешна закана" за земјата.

Ердоган, на прес-конференцијата во Белград, го обвини американскиот амбасадор во Турција за уривање на врските меѓу сојузници во НАТО по одлуката за прекин на визните услуги за турски државјани во американските дипломатски мисии во земјата поради апсењето на Метин Топуз, турски државјанин вработен во Конзулатот на САД во Истанбул.

- Како овие шпиони да влезат во американскиот конзулат? Ако тие не го навлекле во американскиот конзулат, кој го сторил тоа?, праша турскиот претседател на прес-конференција со својот српски колега Александар Вучиќ.

Според Ердоган, „ниту една земја нема да дозволи такви шпиони да претставуваат внатрешна закана", мислејќи на случајот Топуз, како и за уште еден вработен во конзулатот, кого турските власти сакаат да го сослушаат.

Турските власти го обвинија Топуз за шпионажа и врски со муслиманскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кој според турската Влада е одговорен за обидот за државен удар, што се случи минатата година.

Турските власти ќе го бојкотираат амбасадорот на САД во Турција, дополни турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, во момент кога односите меѓу Анкара и Вашингтон се сериозно тензични.

- Ние не го сметаме веќе како претставник на САД во Турција, истакна Ердоган за време на неговата посета на Белград.

Турскиот претседател додаде дека американскиот амбасадор Џон Бас нема да биде примен од турската Влада пред неговото заминување од Анкара во текот на следните денови, по што тој ќе замине во Кабул.

Американската амбасада во Анкара во неделата соопшти дека времено ги прекинува сите неимиграциски визни услуги поради апсењето на службеник од американскиот Конзулат во Истанбул минатата недела. Турските дипломатски служби во САД, исто така, го прекинаа издавањето на визи за американските државјани како реципрочна мерка.

Дачиќ му запеа на турски на Ердоган, доби и бакшиш

Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ му запеа и на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган на турски јазик на официјална вечера организирана од српскиот претсеател Александар Вучиќ.

Дачиќ ја пееше песната „Осман ага" на турски јазик. Од муфтијата Мустафа Јусуфспахиќ доби и бакшиш, објавија Вечерње новости.

Во 2013 година Дачиќ и запеа и на тогашната посредничка во преговорите меѓу Белград и Приштина, Кетрин Ештон. Тогаш ја пееше песната – Опрости ми Катрин.

Поврзани

Најнови вести

Коментари