Ердоган и Јункер низ нишан:

Ердоган: Турција нема потреба за членство во ЕУ, Јункер: Ердоган ја префрла вината на ЕУ

Турција веќе 12 години води преговори за членство со Европската унија и во последно време тие се во застој. ЕУ е силно критична кон акциите на Анкара по обидот за преврат лани во кои се приведени десетици илјади луѓе

Турција веќе нема потреба од членство во Европската унија, но нема да се откаже еднострано од преговорите за присоединување, изјави турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

– Ние нема да бидеме државата што ќе се откаже. Ние веќе и немаме потреба за членство во ЕУ, изјави Ердоган.

Турција веќе 12 години води преговори за членство со Европската унија и во последно време тие се во застој. ЕУ е силно критична кон акциите на Анкара по обидот за преврат лани во кои се приведени десетици илјади луѓе.

– Ако сака ЕУ да направи скок напред има само еден начин да го стори тоа. И тоа е - да и одобри членство на Турција и да почне процес на културен и економски развој, додаде Ердоган.

Од друга страна во интервју за "Билд", претседателот на ЕК, Жан Клод Јункер повтори дека Турција со „џиновски чекори" се оддалечува од Европа и се обидува вината да ја префрли на Европската унија.

-Турција се оддалечува од Европа со џиновски чекори. Таа не може да издржи жештина во европската кујна и како резултат на тоа се обидува да ја префрли вината на ЕУ за пропаѓање на преговорите. Јас би сакал тоа да го спречам. Мнозинство од граѓанското општество во Турција е настроено кон Европа. Би требало да ги поддржиме, а не да ги разочаруваме, изјави Јункер.

Тој го поддржува предизборниот предлог на германската канцеларка Ангела Меркел да се прекинат преговорите со Анкара, но вината за лошите односи меѓу ЕУ и Турција ја префрла на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

Поврзани

Најнови вести

Коментари