logo
logo
logo

Ердоган се пофали со новиот брод за вадење нафта и гас во источен Медитеран, Грците лути

Vecer | 09.08.2022

Ердоган се пофали со новиот брод за вадење нафта и гас во источен Медитеран, Грците лути

Четвртиот турски брод за дупчење, наречен Абдулхамид Хан, ќе оперира на 55 километри од регионот Газипаша на јужниот брег на Анталија, рече Ердоган.

„Истражувањето и дупчењето што ги правиме во Средоземното Море се дел од нашите суверени води. За тоа не ни треба дозвола или согласност од никого“, рече Ердоган.

Соопштението доаѓа откако тензиите меѓу Турција и Грција повторно се зголемуваат бидејќи Ердоган ја обвинува Атина дека вооружува острови во Егејското Море кои имаат демилитаризиран статус, додека Атина тоа го побива.

Откритијата на природен гас во источниот Медитеран во изминатата деценија го направија регионот остварлив алтернативен извор на енергија за Европа, но исто така поттикнаа конфликти меѓу соседните земји во регионот околу правата на ресурсите. Портпаролот на грчката влада, Јанис Оиконому денеска изјави дека Атина внимателно ја следи ситуацијата.

„Мораме да бидеме внимателни. Секогаш го правевме она што треба за да имаме стабилност во нашиот регион и целосно да го браниме меѓународното право и нашите сопствени суверени права“, рече Оиконому.

Анкара соопшти дека со должина од 238 метри, Абдулхамид Кан е најголемиот и технолошки најнапредниот брод за дупчење во длабоко море во истражувачката флота.

Турција не испратила брод за дупчење во источниот Медитеран од повлекувањето на Јавуз од спорните води во септември 2020 година.

Бродовите за дупчење Јавуз, Фатих и Кануни работат во Црното Море, каде Турција откри резерви на природен гас од 540 милијарди кубни метри.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk