Закана

Ердоган: Одлуката за референдум е предавство

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска ги обвини лидерите на Ирачки Курдистан за предавство поради референдумот за независност и ги предупреди ирачките Курди дека „ќе умрат од глад" кога Турција ќе им забрани на нивните камиони да ја преминуваат границата

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска ги обвини лидерите на Ирачки Курдистан за предавство поради референдумот за независност и ги предупреди ирачките Курди дека „ќе умрат од глад" кога Турција ќе им забрани на нивните камиони да ја преминуваат границата.

- До последен момент не веруваме дека (Масуд) Барзани ќе направи таква грешка како што е одржување на референдумот, очигледно згрешивме. Ова одлука за референдумот, која е донесена без никакви консултации, е предавство, посочи Ердоган.

Во исто време Ердоган се закани дека и ќе ја прекине дистрибуцијата на гас што се одвива преку гасоводот од северен Ирак.

Поврзани

Најнови вести

Коментари