Турчин министер за надворешни работи на Германија

Ердоган го нарекува "АКП диктатор" и "грабнувач", а што ако влезе во владата?

Дали Џем Оздемир ќе стане новиот германски министер за надворешни работи? Претставник на турската партија АКП предупредува дека Оздемир ќе мора да ги промени своите ставови или во Турција не е добредојден

Можноста претседателот на германските зелени Џем Оздемир да стане германски министер за надворешни работи во случај да се постигне т.н. Џамајка коалиција, наиде на скепса кај турската владејачка партија АКП.

-Во тој случај пред нас имаме подарени години, изјави во Анкара пратеникот на АКП Мустафа Јенероглу осврнувајќи се на билатералните односи помеѓу Германија и Турција.

Јенероглу вели дека Џем Оздемир во Турција нема да биде прифатен како некој кој е амбасадор на Германија, туку како некој кој сака да управува со турската внатрешна политика.

Претседателот на партијата Зелени е остар критичар на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган. Во случај во коалициските преговори со Унијата ЦДУ/ЦСУ и ФДП на Зелените да им припадне местото министер за наворешни работи, Оздемир се смета за фаворит.

Јенероглу смета дека Ердоган од реално-политички причини ќе вложи напор на Оздемир да му се даде шанса како претставник на Германија. Но, тоа зависи од тоа дали Издемир по можното именување за министер за надворешни работи ќе го промени својот став за Ердоган кого го нарекува "АКП диктатор" и "грабнувач".

-Ако пред можната посета на Турција дава изјави како и до сега, тогаш во Турција не е добредојден, вели Јенероглу.

Германско-турскиот парламентарец вели дека по соопштувањето на првите неофицијални резултати од изворите на Оздемир му испратил СМС порака и му честитал на успехот и изразил надеж дека германско-турските односи ќе се подобрат. Одговор на пораката не добил. Јенероглу е претседател на комисијата за Човекови права во патламентот во Анкара.

Турскиот премиер Бинали Јилдирим и министерот за надворешни работи Мављут Чавушоглу исто така се изјаснија за нормализација на затегнатите односи со Германија. Чавушоглу за магазинот Шпигел изјави: "Ако тргнете кон нас еден чекор, ние ќе тргнеме кон вас два". Турција е подготвена да соработува со можниот иден министер за надворешни работи Оздемир. – Би било погрешно односите на двете земји да се дефинираат врз основа на само една личност, рече Чавушоглу.

Турскиот премиер Бинали Јилдирим минатата недела рече дека со Берлин мора да се отвори едно ново поглавје и дека односите мора да се поправат. Односите помеѓу Германија и Турција одамна се влошени. Во меѓувреме владее "ледено доба". Турската влада и забележува на Германија дека поддржува терористи. Германската влада безуспешни бара ослободување на Германците уапсени од политички причини.

Германското МНР реагираше резервирано на изјавата на турскиот министер за надворешни работи.

-Германија била и ќе остане подготвена за разговори и ориентирана кон дијалог, изјави за Велт ам зонтаг Михаил Рот од германското МНР.

И турската заедница во Германија исто така се надева на подобрување на прекинатите германско-турски односи.

-Нормализација очекуваат и луѓето во Турција и во Германија, вели претседателот на здружението на турски заедници во Германија Ѓокај Софуоглу. –Сите желби сега треба да се применат во практика, сеедно кој ќе биде новиот министер за надворешни работи, вели Софуоглу.

Софуоглу смета дека ако Оздемир биде избран за министер за надворешни работи нема да дојде до влошување на германско-турските односи.

Ако Оздемир биде избран за министер тој ќе биде прв германски министер од мигрантско семејство. Неговите родители во 60-тите години дошле на привремена работа во Германија и останале.

Поврзани

Најнови вести

Коментари