logo
logo
logo

Ер Србија демантира дека билет Москва – Белград чинел 9.000 евра

Vecer | 22.09.2022

Ер Србија демантира дека билет Москва – Белград чинел 9.000 евра

„Најниската достапна цена за билет во една насока за економска класа меѓу Москва и Белград е 397 евра, а најскапиот достапен билет во една насока за економска класа меѓу Москва и Белград е 567 евра“, се вели во соопштението на авиокомпанијата што го пренесува српскиот новинските агенции..

Најниската достапна цена на повратен авионски билет на таа линија во економска класа е 816 евра, а највисоката можна е 1156 евра, наведуваат од компанијата и додаваат дека тоа се цени во кои се вклучени сите даноци.

Откако рускиот претседател Владимир Путин вчера објави дека Русија прогласува делумна мобилизација, медиумите и социјалните мрежи објавија информација дека билетите на линијата Москва-Белград чинат неколку илјади евра, а се споменуваше и сума „на црно“ од 9.000 евра. За оваа бројка проговори и Александар Вучиќ.

„Денеска картата Белград-Москва на црниот пазар поради мобилизацијата и многу други работи скокна на речиси 9.000 евра“, изјави Вучиќ од Њујорк за ТВ Танјуг.

Според „Ер Србија“, билетите меѓу овие две дестинации може да се купат само неколку дена или дури недели однапред од март, а билетите за летовите во септември се веќе распродадени. Руските безбедносни сили уапсија стотици луѓе на протестите против последната ескалација на претседателот Владимир Путин во неговата војна против Украина, објави во вчера вечер групата за човекови права ОВД-Инфо.

Вчера Путин нареди делумна мобилизација на резервните сили за зајакнување на воените напори во Украина. Тој повика 300.000 резервисти во војната во Украина и го поддржа планот за анексија на делови од земјата, велејќи му на Западот дека е подготвен да користи нуклеарно оружје за да ја заштити Русија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk