Експлозија пред просториите на навивачите на Панатенаикос во Атина (ВИДЕО)

Две лица на мотоцикл ги фрлиле експлозивните направи околу 16 часот по локално време, откако се приближиле до просториите на Панатинаикос во Маруси, покажуваат снимките од надзорните камери што ги објавија грчките медиуми.
Осум продавници, седум домови и две возила биле оштетени во силната експлозија, јави грчката новинска агенција Ана, повикувајќи се на полициски извори. Оштетени се и просториите на Панатинаикос, искршени се прозорците и оштетена е покуќнина.
Засега нема уапсени, полицијата отвори истрага, а ова место е трет пат да биде цел на напад.