logo
logo
logo

ЕК да објасни како некои смеат да плаќаат во рубљи, А ДРУГИ НЕ СМЕА, бара Бугарија

Vecer | 25.05.2022

ЕК да објасни како некои смеат да плаќаат во рубљи, А ДРУГИ НЕ СМЕА, бара Бугарија

Бугарскиот вицепремиер и министер за финансии Асен Василев побара објаснување од Европската комисија, во врска со третманот за плаќањата кон Гаспром. Тој ја повика ЕК да објасни дали некои земји биле поинаку третирани за гасот во однос на другите земји-членки на ЕУ, пренесува БНР радио Бугарија.

Ова се случи откако беше објавено дека сите грчки компании, увозници на руски гас, преминале на плаќање во рубљи.

Василев изрази резервираност и за финансирањето што ЕК им го предложи на земјите-членки за да ги надомести економските загуби од санкциите кон Русија.

Тој бара Европската комисија да разјасни дали прифаќањето на плаќањата за снабдување со гас се должи на фактот што различни земји се третираат различно од Гаспром или поради кршење на санкциите од страна на компаниите во некои земји-членки.

Руската компанија ги прекина испораките на Бугарија, Полска и Финска, кои одбија да платат за природен гас во рубљи, но продолжија да ги опслужуваат клиентите во другите европски земји кои отворија сметки во рубљата кај Газпромбанк.

Планот на Комисијата REPowerEU, според него треба да го одразува степенот на зависност од снабдувањето со енергетски суровини од Русија, а не да се заснова на ефектот на КОВИД-19.

Василев повика на вистинска борба против инфлацијата на европско ниво, со фокус на енергијата и храната, како и активно делување на Европската централна банка.

Тој, исто така, го поддржа предлогот на Европската комисија да се одложи за уште една година општата клаузула која отстапува од строгите буџетски правила предвидени во Пактот за стабилност и раст.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk