Еди Рама им објави ,,војна” на казината и обложувалниците во Албанија

Владата на Албанија им објави „војна“ на сите казина и обложувалници кои се наоѓаат во градовите во оваа земја. За да се спречи ширењето на коцкањето, наредено е дислокација на сите казина и обложувалници надвор од градовите.

Еди Рама, албанскиот премиер порача дека сите казина, обложувалници и други објекти кои нудат обложување, ќе мораат да се затворат и да се преселат надвор од градските средени до крајот на годината. Според Рама, крајниот рок за пренесување на објектите е 31 декември 2018 година. Оние кои нема да го сторат тоа, ќе бидат канзети.

Албанскиот премиер ги предупреди и медиумите да престанат со рекламирање на обложувањето, или во спротивно ,,ќе бидат присилно затворени”.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари