logo
logo
logo

Во Хрватска повеќе нема странски весници: „Ова не постои никаде во Европа“

Vecer | 09.11.2025

Во Хрватска повеќе нема странски весници: „Ова не постои никаде во Европа“

Од 1 октомври во Хрватска повеќе не е можно да се купат странски весници, бидејќи странските издавачи, по половина век присуство, се повлекоа поради новите услови за дистрибуција, пренесоа денес хрватските медиуми.

Владата на Хрватска во април ја прогласи дистрибуцијата на весници за услуга од општ економски интерес и ја субвенционираше преку јавен тендер, пренесува порталот Index.hr.

Дистрибутер стана Хрватската пошта, која се обврза дека ќе ја врши таа услуга во период од пет години, но странските издавачи не можеа да се вклучат во системот на субвенционирана дистрибуција бидејќи, според Законот за медиуми, само издавачи регистрирани во Хрватска можат да бидат впишани во регистарот на издавачки куќи.

Условот за странските издавачи кои би сакале да учествуваат во системот на субвенционирана дистрибуција беше да основаат хрватско трговско друштво, но бидејќи тоа не го направиле, за нив важат пазарните цени кои, според проценката на Хрватската пошта, се четири пати повисоки од субвенционираните тарифи.

Директорката на словенечката компанија DistriEst, која застапува повеќе од 200 странски издавачи, Маја Ќуриќ, изјави дека странските издавачи заеднички одлучиле да ја прекинат дистрибуцијата на печатот во Хрватска.

„Условите што ги понуди Хрватската пошта се покажаа финансиски неодржливи. Наплатата за транспорт по еден примерок во комисионен систем на продажба не постои никаде во Европа,“ рече Ќуриќ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk