logo
logo
logo

Две Украинки во БиХ обвинети за организирање на ланец на ПРОСТИТУЦИЈА

Vecer | 23.07.2021

Две Украинки во БиХ обвинети за организирање на ланец на ПРОСТИТУЦИЈА

Обвинителството на БиХ во петокот поднесе обвинение против две украински државјанки обвинети за организирање широка мрежа на проституција и трговија со девојчиња од Источна Европа.

Асмик Шданова (60) и Наталија Начикин (32) се во притвор во БиХ, а тие се обвинети дека во периодот од почетокот на 2019 година до крајот на Јануари 2021 година на подрачјето Мостар, Бања Лука и Бјелина организирале група чија цел била трговија со луѓе.

Најмалку 17 девојчиња биле принудени на проституција

Девојчињата биле регрутирани главно од Украина и Русија и биле донесени во БиХ, каде биле принудени на проституција, а истрагата утврдила дека некои од нив имале тешки физички и психолошки последици.

Откриено е дека жртва на ланецот проституција биле најмалку 17 девојчиња принудени да даваат сексуални услуги за пари што морале да им ги предадат на организаторите.

Девојките кои би се побуниле против третманот биле малтретирани.

Обвинителството на БиХ изјави дека истрагата за овој случај е спроведена во соработка со партнерски агенции во странство, а доколку Судот на БиХ го потврди обвинението, вината на обвинетите Украинки ќе се докаже на судењето со сослушување на 42 сведоци и бројни материјални докази.

За такви злосторства во БиХ е пропишана минимална казна затвор од десет години.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk