Двајца Македонци меѓу загинатите во верижниот судир на автопатот Белград-Ниш

Во двете страшни верижни несреќи што се случија на автопатот Белград-Ниш во двата правци, речиси на истото место во исто време, загинаа двајца Македонци и пет српски граѓани, според „Блиц”.

Повеќе од 35 лица беа повредени во страшен верижен судир, а повеќе од 40 возила беа оштетени.
Некои од возилата се целосно уништени, до непрепознатливост.

Имено, двете сообраќајни несреќи се случија паралелно, едната во насока Белград-Ниш, а другата во насока Ниш-Белград.
Во првата сообраќајна несреќа, од Белград до Ниш, четири лица загинаа, а десет лица беа повредени. Во таа несреќа учествуваа повеќе од десет возила, при што беа запалени два камиони.


Втората несреќа се случи на истото место, но во друга насока, од Ниш до Белград. Во таа несреќа, три лица загинаа, а повеќе од 10 беа повредени. Девет камиони и неколку автомобили учествуваа во судирот.

Судирите се случија речиси во исто време ова утро околу 7,15 часот. Неколку пожарникари и амбулантни возила беа испратени на местото на несреќата.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари