На видеото се гледа како возачот ја губи контролата над автомобилот околу 4:30 часот утрово и удира во паркирани автомобили , а потоа продолжува да влетува во излозите. Возачот во таа прилика не бил повреден.
Полицијата соопшти дека сообраќајната несреќа ја предизвикал маж кој бил на привремена работа во странство и имал повеќе од еден и пол промил алкохол во крвта.
Граѓаните на социјалните мрежи го прозиваат возачот за неговото арогантно однесување.
- Така би ни ги згазил и децата... 1000 години затвор - наведува еден корисник.
- Не е пијан... Луд е - додал друг.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата