logo
logo
logo

Драма во Косовска Митровица: Специјалци на улиците, фрлени шок бомби (ВИДЕО)

Vecer | 08.12.2022

Драма во Косовска Митровица: Специјалци на улиците, фрлени шок бомби (ВИДЕО)

Неколку стотици специјалци на Албин Курти вооружени до заби, придружувани од оклопни возила, влегоа во Северна Митровица и го блокираа целиот град.

До 22 часот на улиците на Северна Митровица било мирно, немало инциденти. Во градот патролираат и припадници на ЕУЛЕКС, ситуацијата е мирна.

Припадниците на специјалната единица на косовската полиција фрлиле и две шок бомби.

Граѓаните на Северна Митровица се собираат на улиците, зборуваат за се што се случува во последните неколку дена, тензично е, но без инциденти. Сите кафулиња се затворени, а жените и децата се засолниле од улиците, јавува Косово-онлајн.

Полицијата на Косово вечерва соопшти дека во наредните денови ќе го засили присуството на северот на Косово и додаде дека одржувањето на јавниот ред е една од нивните главни цели.

Директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, д-р Петар Петковиќ, вечерва во 23 часот во прес-салата на Владата на Република Србија ќе одржи вонредна прес конференција, јавува српски Курир.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk