logo
logo
logo

Драма на Косово: Пукаа во Србин кој се бори за живот, Вучиќ итно замина за Рашка (ВИДЕО)

Vecer | 13.10.2021

Драма на Косово: Пукаа во Србин кој се бори за живот, Вучиќ итно замина за Рашка (ВИДЕО)

9:05 Косовската полиција објави дека започнала полициска акција во раните утрински часови „со цел да се реализираат стратешките цели во спречувањето на криминалните дејствија, особено во борбата против криумчарењето стока“. Во соопштението се наведува дека операцијата се спроведува во регионите Приштина, Пеќ, Јужна Митровица и Северна Митровица.

Упаднаа во аптеки? Српската државна телевизија РТС објави дека припадниците на косовската полиција затвориле неколку продавници за економски криминал во северниот дел на Косовска Митровица и околните области.

- Упаѓаат во магацини, продавници, аптеките не работат, акцијата ја спроведуваат сами и без консултации и подготовки со полицијата во северниот дел на Митровица - наведува РТС.

Србите излегоа на улиците, а пристигнаа и специјалци. Откако припадниците на косовската полиција интервенираа против насобраните граѓани со солзавец и шок бомби, припадниците на Специјалните полициски сили (РОСА) пристигнаа во северна Митровица од јужниот дел на градот.

11:55 Според косовскиот портал Коха.нет, за време на конфликтот меѓу полицијата и насобраните Срби, оштетени се неколку паркирани автомобили, а еден е опожарен на раскрсницата помеѓу средното техничко училиште „Михаило Петровиќ-Алас“ и бошњачката махала.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=a--zkVHI1lo[/embed]

12:05 Според Косово онлајн, Србин бил застрелан во градот Звежан, на северот на Косово. Повреден е уште еден граѓанин, но полесно.

- Повредата е нанесена со огнено оружје, тој е застрелан во пределот на градниот кош. Рамото и реброто му се повредени, се подготвуваме за операција за да го отстраниме куршумот. Тој е на интензивна нега и е во тешка состојба - изјави за Косово онлајн хирургот Златан Елек, директор на КБЦ Косовска Митровица. Косово онлајн наведува дека бил застрелан одзади.

12:15 Вучиќ пристигна во Косово: Според провладиниот РТС, српскиот претседател Александар Вучиќ отишол во Рашка на итен состанок со претставници на Србите од Косово.

12.20 Најмалку шест лица беа примени во КБЦ Косовска Митровица, според Косово онлајн.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk