logo
logo
logo

ШОКАНТНО ВИДЕО

ДОШЛЕ НА ПРЕТРЕС, па со осомничениот „кркале„ сирење и чварки: Тројца полицајци СУСПЕНДИРАНИ

Vecer | 12.05.2023

ДОШЛЕ НА ПРЕТРЕС, па со осомничениот „кркале„ сирење и чварки: Тројца полицајци СУСПЕНДИРАНИ

Видеото направено во 2021 година предизвика скандал во Хрватска, бидејќи протече во јавноста, а поради тоа тројца полицајци се отстранети од службата, пишува хрватскиот портал 24сата.

Полицијата дошла да ја претресе куќата на Сабљо, кој во Хрватска важел за лице со сомнителна биографија, додека не беше убиен минатиот месец во познатиот клуб Риц во Загреб.

 

 

 

 

На видеото се гледа како полицаецот пишува на хартија додека осомничениот Сабљо му нуди храна која тој ја прифаќа. Сабљо сече сарма на масата и му нуди храна на полицаецот кој пишува белешки додека седи на истата маса, откако полицајците дошле да му ја претресат куќата.

Има и насмевки, а полицајците опуштено разговарале со осомничениот.

- Пробајте го сирењето, за да не речете дека не сте го пробале. Само лапај, Роки - му вели Сабљо на полицаецот, по што зема парче сирење.

- Пробај и чварки..., му вели на полицаецот кој пишува.

Во ПУ во Загреб се запознаени со снимката и потврдиле дека истата е направена во декември 2021 година.

- Можеме да потврдиме дека полициската управа во Загреб има видео на кое се гледа цивил и полицаец од оваа полициска управа. На видеото се гледа како цивил јаде храна на маса, а покрај него полицаец зема белешки. Во еден момент цивил му нуди храна на полицаецот, што тој ја прифаќа - реагираат од загрепската полиција и додаваат дека „итно побарале да се утврдат сите факти и околности под кои е направена снимката, како и да се утврди статусот на личноста на видеото“.

- Така е  утврдено дека снимката е направена во декември 2021 година, при претрес на куќата на осомничениот во рамки на кривичната истрага и дека на снимката се гледа како осомничениот и полицискиот службеник учествуваат во претресот. Освен него, во претресот учествувале уште двајца полицајци. Началникот Рашиќ ги разрешил сите тројца полицајци и против нив ќе поднесе барање за поведување дисциплинска постапка. Од снимката за настанот веднаш е известено и надлежното државно обвинителство, кое полицијата ќе го извести за се што е утврдено, истакнаа од полицијата.

 

Tomislav Sabljo

Кога станува збор за криминалистичката истрага при која е направена споменатата снимка, од полицијата велат дека е завршена со поднесување кривична пријава против осомничениот, кој потоа му бил предаден на надзорникот на притворот.

Шефот на загрепската ПУ Марко Рашиќ во оваа прилика рекол:

- Свесен сум за непоправливата штета на угледот на полициската служба предизвикана од ова, во најмала рака, непрофесионално однесување во редовите на загрепската полиција. Но, ова се изолирани случаи за кои системот има одговор и доволно моќ да се справи со нив. Има само еден точен одговор и затоа останувам доследен на инсистирањето да се санкционира ваквото недолично однесување на полициските службеници, ова е пораката на началникот на загрепската полиција.

Томислав Сабљо беше убиен минатиот месец во загрепскиот ноќен клуб Риц.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk