Доланц на Тито му ставал пиштол под грло и така владеел: Протекле докази за тоа кој навистина управувал со Југославија

Јованка Броз во едно од своите интервјуа ја опишала вистинската состојба кој во суштина управувал со Јосип Броз Тито.

Таа во својата изолација во која била со години открива, како што рекла "истиот оној круг на луѓе кои неа и Тито ги ставале во изолација".

Јованка Броз го именувала тој круг, а тоа биле Стане Доланц и генералот Никола Љубичиќ.

"Истата група луѓе кои Тито и мене не ставаа во домашен притвор, за да можат да ја растурат Југославија мора да сватат дека ничија свеќа не догорела до зори", рекла Броз за Новости.

"Големите сили неколку години после смртна на Тито почнале да работат околу разбивање на Југославија, а луѓето кои не ставија во изолација беа претходница на тие нечисти игри. Станува збор на извршители на наредбите на големите сили, а тие држави и нивните агенти ни денес не сакаат да ја објават вистината, и затоа ме малтретираат", рекла Јованка Броз.

"Стане Доланц и генерал Никола Љубичиќ тогаш на Тито му ставаа под гуша пиштол и бараа да се разведе од мене, но тој не сакаше ни по цена на живот. Им бев пречка, пред се на Доланц а добар дел и на Љубичиќ во намерата да ја преземат целата власт во Југославија, криејќи се позади Тито. Зборуваа: "Лесно ние со стариот, но со Јованка неможеме да излеземе на крај". 'Доланц сакаше да ме елиминира пошто-зошто бидејќи знаевме дека бил член на Хитлерјугенда и дека работеше за германските тајни служби", рекла Јованка.

Поврзани

Најнови вести

Коментари